(Галерија) Ѓоковиќ и синот играа тенис на паузите на Вимболдон и станаа хит на социјалните мрежи

(Галерија) Ѓоковиќ и синот играа тенис на паузите на Вимболдон и станаа хит на социјалните мрежи

пред 2 години

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави фотографија со синот Стефан од тенискиот терен. Фотографиите од семејството Ѓоковиќ кои беа објавени по тренингот на Новак на терените на Ол Ингланд клуб станаа хит.

dobivaj vesti na viber

Стефан Ѓоковиќ, како што изјави претходно неговиот татко, е вљубен во тенисот. Тој му помагаше на неговиот татко на тренинзите и му подаваше топки кога вежбаше сервирање.

„Доживуваме смешни моменти на теренот. Ја користам секоја прилика што ја имам да играм со него затоа што сега тој е целосно влезен филм во тенисот. Моментално е вљубен во тенисот. Целосно беше негова желба да започне да игра тенис. Секако дека ќе бидам тука за него, но нема да го присилувам да биде на теренот. Ако сака, секогаш ќе бидам подготвен да бидам таму и да играм со него“, изјави Новак на конференцијата.

За време на паузите на Вимболдон Новак го гушкаше, бакнуваше, го креваше во раце Стефан.

Новак и малиот Стефан на теренот ги поддржаа нивната мајка и сестра Јелена и Тара Ѓоковиќ.


Share
Scroll to Top