Гејтс ќе го подели своето богатство, чувствува обврска да им ги врати парите на луѓето за да го намали страдањето и го подобри квалитетот на живот

Гејтс ќе го подели своето богатство, чувствува обврска да им ги врати парите на луѓето за да го намали страдањето и го подобри квалитетот на живот

пред 2 години

Еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс, во иднина планира голем дел од своите средства да ги донира и на тој начин да се тргне од листата на најбогати луѓе на светот. Гејтс важи за еден од најбогатите уште од 1991 година, и постојано е на врвот на оваа листа.

Сепак годинава, според светскиот економски магазин „Форбс“ падна на четвртото место. Причина за тоа е разводот од неговата сопруга Мелинда, со која ја води фондацијата со истото име, пренесе „Бонитет“. Според некои проценки, неговото богатство се проценува на 130 милијарди долари.

Гејтс планира голем дел од овие средства да ги донира. Дел од нив веќе завршуваат во фондацијата „Бил и Мелинда Гетјс“, а сега дополнително сака да додаде уште 20 милијарди долари. Вели дека сака да му врати на општеството затоа што чувствува потреба за такво нешто.

фондацијата ја основаа во 2000 година и оттогаш има донирано над стотици милиони долари во различни фондации и здруженија.

Донациите особено се зголемија поради глобалното затоплување како и појавата на коронавирусот и војната меѓу Русија и Уккраина. До 2026 година Бил рече дека трошоците за фондацијата ќе се зголемат од 6 на 9 милијарди долари годишно.

„Додека гледам кон иднината, планирам практично целото мое богатство да го дадам на фондацијата. Ќе се поместам надолу на листата на најбогати луѓе во светот и на крајот ќе исчезнам од неа“, рече Гејтс.

Чувствува обврска да ги врати средствата во општеството со цел да се обиде да го намали страдањето на луѓето и да го подобри квалитетот на нивниот живот.

Се надевам дека и другите со големо богатство ќе го следат примерот“, рече Гејтс.

Неговата фондација тежи 49,8 милијарди долари, а ја поддржуваат и други богати добротвори како милијардерот и инвеститор Ворен Бафет. Фондацијата беше најголемиот финансиер на Светската здравствена организација во 2018 година, по владата на Соединетите држави.

Гејтс ја држеше титулата на „Форбс“ за најбогат човек на светот помеѓу 1995 и 2010 година, а таа позиција повторно беше од 2013 до 2017 година. Во 2010 година, заедно со Ворен Бафет, ја започнаа кампањата „The Giving Pledge“, чии потписници, најбогатите Американци, симболично ветуваат дека ќе дадат барем половина од своето богатство на донации.

Меѓу нив беа и основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг и претседателот на „Епл“, Тим Кук.

На оваа листа го нема само основачот на „Амазон“ Џеф Безос. Оваа година тој додели 100 милиони долари на 24 организации кои се борат против бездомништвото.

Share
Scroll to Top