Глумецот Џон Џејмс пренесен во ургентниот центар во Белград откако се повредил во ресторан

Глумецот Џон Џејмс пренесен во ургентниот центар во Белград откако се повредил во ресторан

пред 3 години

Холивудскиот глумец Џон Џејмс, најпознат како Џеф Колби од „Династија“ се повреди на снимањето на новиот филм во Белград и е пренесен во болница. Глумецот во Србија го снима филмот за животот на Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден. Џејмс, кој во филмот го игра Џо Бајден, изјави дека е добар и дека добил врвен третман во белградскиот Ургентен центар.

„Влегов во ресторан и се удрив во стаклена врата. Имав голема расекотина над окото и крварењето беше обилно. Се вратив во хотелот, а менаџерот ме одведе во ургентниот центар. Беше сабота вечер и како и секоја сабота во секој ургентен центар во светот, беше вистинска лудница. Но, добив врвен третман и неколку конци над окото, па се враќам на снимањето“, рекол  Џејмс за „Дејли мејл“.

Филмот за контроверзниот син на американскиот претседател го снимаат ирските продуценти Фелим Мекалиер и неговата сопруга Ен МекЕлини. Тие велат дека филмот е начин да се истражи како Хантер Бајден собрал десетици милиони долари од странски компании во сопственост на олигарси и да се расветли контроверзните односи меѓу Хантер, неговиот татко и другите членови на семејството Бајден.

Џејмс претходно за филмот рече дека сценариото има сè, пари, моќ, алчност, секс, дрога и алкохол.

„На некој начин ме потсетува на „Династија“. Тоа е приказна за љубовта на таткото кон синот и покрај неговите големи маани, но и приказна за внатрешниот поглед на светот на политиката“, изјави Џејмс.

Режисер на филмот е актерот Роберт Дејви. Хантер Бајден го игра британскиот актер Лоренс Фокс. Снимањето на филмот, чиј буџет е 1,8 милиони долари, започна во Србија кон крајот на октомври и ќе трае четири недели.

Share
Scroll to Top