Говори на Хитлер биле емитувани преки разглас во воз во Австрија. Патниците биле вџашени кога ја слушнале снимката од која се слушала „Хајл Хитлер“ и „Сиг Хајл“. Операторот објасни дека ова не е прв ваков инциднт и дека имало и во изминатите неколку денови.
Еден од патниците за „Би-би-си“, рече дека сите биле изненадени, а пратеникот од Партијата на зелените, Дејвид Стогмулер рече дека можеле да го слушнат Хитлер неколку минути пред возот да пристигне во Виена.
„Прво имаше 30 секунди говор на Хитлер, а потоа слушнав „Си хајл“. Стогмулер рече дека персоналот на возот не можел да ја запре снимката и дека не можел да дава свои соопштенија. „Еден член на екипажот беше навистина вознемирен“, додаде тој.
Од Австриските федерални железници (ОББ) се дистанцираа од одговорност и содржината на снимката. „Можеме во моментов да претпоставиме дека соопштенијата биле пуштени од луѓе директно во возот преку интерфонот. Ние го пријавивме случајот во полиција“, соопштија од ОББ.
Поднесени се пријави против две лица. Стогмулер рече дека добил мејл од маж кој бил во возот со повозрасна жена која преживеала концентрационен логор.
„Таа плачеше“, рече тој и додаде дека друг патник рекол оти кога во други земји имало технички проблеми, тоа обично е поради расипан клима уред.
„Во Австрија техничкиот проблем е Хитлер“, рекол тој.
За потсетување, Хитлер е роден во Австрија и емигрирал во Германија во 1913 година како млад човек.