Голем туристички оператор заинтересиран за Македонија – Николоски: Има простор за отварање нови авиолинии и инвестиции во туризмот

Голем туристички оператор заинтересиран за Македонија – Николоски: Има простор за отварање нови авиолинии и инвестиции во туризмот

пред 1 час

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски оствари средба со претставници на „Корендон“, една од најголемите туристички групации во Европа, на која било разговарано за можностите за нови инвестиции, развој на авиосообраќајот и унапредување на туризмот во Македонија.

„Македонија се позиционира меѓу најбрзорастечките пазари во Европа“, истакна Николоски, посочувајќи дека во земјава се воведени 28 нови дестинации, а бројот на патници во доаѓање во авиосообраќајот е зголемен за 40 проценти.

Според него, значителниот раст на бројот на туристи дополнително го потврдува потенцијалот за отворање нови авиолинии, креирање туристички аранжмани и реализација на нови инвестиции во туристичката инфраструктура.

„Корендон“ е меѓународна туристичка групација и меѓу трите водечки туроператори во Холандија и Белгија. Групацијата нуди пакет-патувања до повеќе од 50 дестинации, додека „Корендон ерлајнс“ годишно превезува меѓу 6 и 10 милиони патници.

Средбата, како што посочува Николоски, претставува можност за продлабочување на соработката со голем меѓународен туристички оператор и привлекување нови туристи во земјава, но и за отворање простор за дополнителен развој на авиоиндустријата и туристичкиот сектор.

Share
Scroll to Top