Голманот на словенската репрезентација Аљаж Пањтар е позитивен на тестот за коронавирус кој го направи во Дебрецен, на само еден ден пред стартот на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Тој ќе оди пет дена во изолација, а дури потоа со два негативни теста ќе може повторно да и се приклучи на својата репрезентација.
Поради изолацијата на Пањтар, во репрезентацијата на селекторот Љубомир Врањеш, во игра остануваат голманите Кастелиц и Базник.
Играчот Урбан Лесјак, пак излегува од изолација. Тој исто така беше позитивен на Ковид-19.
Натпреварот меѓу Македонија и Словенија ќе почне во 18 часот, а пред дуелот и двете селекции ќе направат нови тестови.
За потсетување, петтмина од македонските ракоментари излегоа позитивни на вчерашните тестови за коронавирус.
Пет од македонските ракометари се позитивни на коронавирус пред почетокот на ЕП