Поранешниот голман на Вардар, Страхиња Милиќ, им нуди попуст од 20% во својот ресторан во Белград, на сите што навиваат за Македонија на Европското првенство. На инстаграм профилот на ресторанот за мексиканска храна „Парапата“, тој остави порака: „Драги пријатели, дали и вие навивате за Македонија на ЕП? Секој што ќе нè посети со видливи обележја на Македонија, додека репрезентацијата игра на ЕУРО2020, ќе добие 20% попуст на храната и пијалаците“.
Популарниот Џамбо неколку години бранеше за Вардар, а откако си замина изјави дека времето поминато во Скопје му е едно од најубавите во животот и дека тука има многу пријатели заради кои секогаш ќе се враќа назад во Македонија.