Господинот е како мама каже, откри Дунавка за разводот со Ване

Господинот е како мама каже, откри Дунавка за разводот со Ване

пред 4 години

Откако вчера поранешниот директор на финансова полиција, Ване Цветанов, објави дека љубовната приказна со Дунавка Трифуновска завршила, во јавноста се огласи и поранешната манекенка. Таа напиша дека заедно ја донеле ваквата одлука и му посака на Ване среќа во иднина во работата и со семејството.

„Мојата одлука дека минатото не треба да пушта ларви во сегашноста, а ни малку да биде едно со иднината, кога ќе биде испочитуван, тогаш ќе може да гледаме други епизоди. До тогаш господинот треба да се посвети на своите обврски, своите функции и своите деца. Дали тоа ќе го направиме во локален, европски стил или погубно во идејата како мама каже е личен избор. Иако носител на јавна функција во овие времиња треба да умее личните интереси да ги постави пред државничките“, напиша Дунавка.

За потсетување, Ване и Дунавка се венчаа пред Прочка, а тој неодамна за „Репортер“ ни кажа колку е среќен со неа и како таа успеала да го спаси од неговата поранешна девојка.

Се разведуваат Дунавка и Ване по пет месеци брак: Толку од романтичната приказна

(Галерија) Дунавка ме спаси од бившата која сè уште ме прогонува, Ване Цветанов првпат прозборе за љубовта со манекенката

Share
Scroll to Top