Готово е со мојата кариера, рече Алек Болдвин по убиството на снимателката Хачинс

пред 3 години

Глумецот Алек Болдвин рече дека иако не чувствувал вина, сè уште го прогонува смртта на снимателката Халина Хачинс, кој тој не сакајќи ја уби за време на снимањето на филмот „Рѓа“. Во интервју за телевизија АБЦ, тој рече дека повеќе не може да игра улога во која ќе држи оружје.

„Гајле ми е за мојата карира, по ова и онака е готово со неа“, рече Болдвин во интервјуто и додаде дека е подготвен да направи сè што е потребно за во иднина вакви настани никогаш не се повторат. Рече и дека не се чувствува виновен за тоа што се случило.

„Веројатно ќе се убиев досега ако чувствував одговорност. Постојано на сон ми се појавува тој момент. Го преживувам секој ден, а потоа на крајот од денот се рушам и емотивно колабирам“, рече Болдвин.

 

 

Share
Scroll to Top