Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, е позитивен на ковид-19. Веста дека се заазил со корона ја откри самиот на социјалните мрежи. Тој вели дека се чувствува добро и се надева дека така и ќе остане.
„Во текот на вчерашниот ден појавив благи симптоми на Ковид-19, по што денес направив ПЦР тест кој покажа дека сум позитивен. Се чувствувам добро и се надевам дека состојбата нема да се промени, а симптомите ќе бидат сведени на минимум. Се извинувам доколку ненамерно некому сум ја пренел болеста без да знам“, напиша Темелковски.