Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, објави дека е позитивен на корона. Тој се тестирал денес и откако добил позитивен резултат, е во домашна изолација.
„И покрај заштита за целото време на пандемијата на Ковид-19, резултатот од тестот кој го направив утринава, откако почувствував покачена телесна температура е позитивен. Останувам во домашна изолација и ги следам инструкциите на лекарите. Вирусот е опасен и непредвидлив.Одржувајте дистанца, носете заштитни маски и почитувајте ги препораките на надлежните институции, затоа што само така, сите заедно, можеме да излеземе од борбата против пандемијата“, објави Богдановиќ.
Градоначалникот на Центар пред неколку месеци беше актуелен во јавноста заради неговата венчавка, која ја направи во манастирот Грачаница на Косово.