Дарио Ивановски на 69. место на маратонот на Олимписките игри во Париз

Дарио Ивановски на 69. место на маратонот на Олимписките игри во Париз

пред 3 месеци






Маратонецот Дарио Ивановски на 69. позиција го заврши маратонот на Олимписките игри во Париз.

Во конкуренција со 81 натпреварувач, Ивановски истрча за 2:28:15, и со тоа стана првиот македонски олимпиец кој завршил една маратонска трка.

Новиот олимписки шампион е Тамират Тола од Етиопија, кој ја заврши трката со 2:06,26. На второто место е Башир Абди од Белгија, а на третото Бенсон Кипруот од Кенија.






Share
Scroll to Top