Дарио Ивановски освои сребро на Балканско првенство во Романија

Дарио Ивановски освои сребро на Балканско првенство во Романија

пред 2 години

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски освои второ место во трката на 5.000 метри на 75. Балканско сениорско првенство во Крајова, Романија. Тој постави нов државен рекорд од 13:56,59 минути. Неговиот стар рекорд изнесуваше 14:02,32 минути.

dobivaj vesti na viber

Ова беше деветти медал за Ивановски од балканските првенства. Додега има два златни, четири сребра и три бронзи.

Дарио Ивановски пред десетина дена го освои златниот медал на Европското првенство за мали земји на Малта на 5.000 метри, со време од 14:08,99 минути. Ова е петти рекорд годинава за Ивановски, а вкупно 25 ти во неговата кариера.

 

Share
Scroll to Top