Дајана не планираше да остане во Париз, да се вратеше дома ќе беше жива: Откриени нови детали од несреќата

Дајана не планираше да остане во Париз, да се вратеше дома ќе беше жива: Откриени нови детали од несреќата

пред 3 години

Принцезата Дајана денес можеби ќе беше жива, ако решила навреме да се врати во Велика Британија и да не го продолжи својот престој во Париз.

Ова го вели нејзиниот поранешен возач Колин Тебаш, кој објаснува дека принцезата го продолжила престојот во Париз поради притисокот од некои членови од британската партија Тори.

Тие ја притискале да се откаже од кампањата против нагазните мини. Принцезата тогаш решила да се смири јавноста во Британија па тогаш да се врати дома, вели Колин.

Колин вели дека Дајана веројатно ќе ја избегнела фаталната несреќа во тунелот во Париз, на 31. август 1997 година, заедно со нејзиното момче Доди Фајед и нивниот возач Хенри Пол ако се вратила дома според планираното.

Овие информации се појавиле во најновата истрага позната низ островските медиуми, поточно за потребите на подкастот на серијата „Последните денови на Дајана“ Last Days of Diana. Според истрагата, Дајана требало да ја напушти француската престолнина неколку дена претходно.

Таа ќе се вратела дома, само ако не била подложна на остри критики на поединци од партијата Тори. Нејзиното враќање во Лондон требало да се случи три дена претходно на 28. август, но, Дајана сепак го одложила своето враќање.

„Таа не се врати на планираниот датум, тој четврток, само затоа што од Тори ја нападнаа поради нејзината кампања против мините. Ја обвинија дека ја користи кампањата само за дополнително си направи позитивен имиџ во јавноста, нешто што многу ја вознемири. Не повика нас и ни рече дека ќе почека ситуацијата во Велика Британија да се смири и дека наместо во четврток, ќе се врати за викендот“, рече Колина Тебат.

Инаку, кампањата против мините Дајана ја почнала неколку месеци пред нејзината смрт, во јануари 1997 година, по посетата на Ангола. Тогаш министерот за одбрана Ерл Хов, јавно ја нападнал, а ништо понежни не биле ни од партијата Тори, предводени од Питер Вигерс, кои нејзината борба против мините ја споредија со онаа на француската глумица Бриџит Бардо и нејзините обиди да ги спаси мачките.

Сè повторно почнало во август 1997 година, за време на нејзиниот одмор на Медитеранот, каде Дајана уживала со 42 годишниот Доди, кога дала интервју за француските медиуми и повторно проговорила на таа тема.

Во истата истрага откриена е и содржината од нејзиниот последен телефонски разговор, пред страшната сообраќајна несреќа, со нејзиниот близок пријател Ричард Кајем.

„Таа беше по малку нервозна, затоа што и ги замрсија плановите, а тогаш единствено што Дајана сакаше е да се врати дома и да си ги види децата“, изјавил Ричард.

 

Share
Scroll to Top