Два пиштоли на Наполеон продадени на аукција за 1,69 милиони евра

Два пиштоли на Наполеон продадени на аукција за 1,69 милиони евра

пред 3 месеци

Два пиштоли кои му припаѓале на францускиот император Наполеон Бонапарта се продадени на аукција за 1,69 милиони евра, што е повеќе од цената што се очекуваше пред аукцијата.

Двата пиштола, направени од парискиот дизајнер на оружје Луис-Марин Госе, се очекуваше да достигнат цена од 1,2 до 1,5 милиони евра, објави Би-Би-Си.

Пиштолите, кои беа продадени во неделата во аукциската куќа Осенат, која се наоѓа во близина на палатата Фонтенбло каде Наполеон се обиде да си го одземе животот со еден од нив по абдикацијата во 1814 година, се обложени со злато и сребро и врежани со ликот на Наполеон.

Share
Scroll to Top