Два шлица се подобри од еден, Ева Лонгорија во секси креација на македонскиот дизајнер Тони Матичевски

Два шлица се подобри од еден, Ева Лонгорија во секси креација на македонскиот дизајнер Тони Матичевски

пред 3 години

Холивудската актерка Eва Лонгорија (47) носеше креација на македонскиот дизајнер Тони Матичевски, кој долги години живее и работи во Австралија. Тој ја облече во црн макси фустан со два шлица.

Ѕвездата од „Очајни домаќинки“, која со години наназад соработува со него, ја сподели креацијата на својот Инстаграм профил.

„Два шлица се подобри од еден“, напиша таа под објавата.

За потсетување, Матичевски неодама ја облече и холивудската актерка Кристен Стјуарт за за гала вечера пред Оскарите. Таа носеше дводелен комплет во бела боја, топ и тесно здолниште, кои актерката  ги комбинираше со бели салонки.

Покрај овие две познати дами, тој низ годините креираше и за Џенифер Лопез и Пенелопе Круз. Во едно од своите интервјуа за „Ел“ изјави дека неговото македонско потекло има влијание и во создавањето на која било колекција се инспирирам од етно-традицијата во Македонија и нејзината околина. Но, за жал дека не е упатен многу за модната сцена во Македонија и во поранешна Југославија.

Македонскиот дизајнер Тони Матичевски ја облече Кристен Стјуарт за гала вечера пред Оскарите

Share
Scroll to Top