Двејн Џонсон сака да биде новиот Бонд за да можел да ја продолжи семејната традиција

Двејн Џонсон сака да биде новиот Бонд за да можел да ја продолжи семејната традиција

пред 3 години

Холивудскиот глумец Двејн Џонсон рече дека сакал да биде новиот таен агент 007, Џејмс Бонд, затоа што на тој начин ќе ја продолжел семејната традиција. Тој рче дека неговиот дедо Питер Маивиа се појавил во една помала улога во еден од филмовите за Бонд во 1967 година.

Тој глумел во филмот You Only Live Twice, кога главната улога на тајниот агент ја имал Шон Конери.

„Да точно е. Мојот дедо беше негативец во тој филм. Тоа ми е некако кул. Би сакал да го следам него и да бидам идниот Бонд. Не сакам да бидам негативец, туку баш Бонд“, рече Џонсон.

Филмската продуцентка Барбара Броколи, која ја држи франшизата, потврди дека Бонд ќе остане да го глуми маж.

„Може да биде било која боја, но, дефинитивно ќе биде маж. Верувам дека би требао да создадеме нови улоги за жените, силни жени. Не сум заинтересирана баш за тоа жена да игра некоја машка улога. Жените се многу поинтересни од тоа“, рече Барбара минатата година.

За потсетување, по повеќе од 15 години, колку што го глумеше тајниот агент, британскиот глумец Даниел Крег реши да се повлече и некој друг да ја превземе оваа улога.

 

Share
Scroll to Top