Дебар Маало украсено со лампиони на кои се испишани пораки од Горан Стефановски

Дебар Маало украсено со лампиони на кои се испишани пораки од Горан Стефановски

пред 2 години

Дел од Дебар Маало новогодишно украсено и осветлено во чест на македонскиот драмски писател Горан Стефановски.  Се одбележа и 70 -годишнината од неговото раѓање и неговите безвременски драми и есеи. Присутни беа синот на Горан Стефановски, Игор и брат му Влатко.

„Ги украсивме елките околу клупата на која седи Горан за да не’ осветли неговата “искра што се измолкнува”. За да не’ потсети дека “сѐ се движи“, изјави Иван Антоновски почитувач и познавач на делото на Горан Стефановски.

Порака од неговиот последен есеј „Искрата што се измолкнува“, објавен во книгата „Идентитетот е приказна“, на македонски и во превод на сите јазици на Европската Унија е испишана на рачно изработените сувенири кои во празничниот период ќе го красат паркот во кој е спомен-обележјето „Клупата на Горан Стефановски“.

Фото: Јуроп Хаус Скопје Фејсбук

Share
Scroll to Top