Девојка од Индија освои 5900 евра во натпревар во спиење

Девојка од Индија освои 5900 евра во натпревар во спиење

пред 2 години

Дваесет и шестгодишната Трипарна Чакрабарти од Калкута, Индија, стана шампион во натпревар во спиење. Таа е првата девојка која спиела 100 дена по девет часа без престан и освои награда од 5900 евра. Натпреварот го организирала компанија која се занимава со квалитетен сон.

Тие сакале да ја подигнат свеста за важноста на оваа навика.

„Сите знаеме колку е важен сонот за целото здравје. Според насоките кои ги издаде Националната фондација за спиење, на возрасните лица кои не боледуваат од хронични болести, потребни им се од 7 до 9 часа сон секоја вечер. Сепак вистината е дека во просек луѓето спијат многу помалку“, велат од компанијата.

Експертите велат дека здравиот сон им е неопходен на сите, без разлика на годините. Спиењето го разработува умот, го обновува телото и ги засилува сите органи.

Share
Scroll to Top