Француската глумица Ева Грин, позната по улогите во филмот за Џејмс Бонд, „Казино Ројал“ и „Пени Дредфул“, ја тужи компанијата Ehite Lantern (Britannica) Ltd за долг од милион долари за филмот „Патриот“. Снимањето го откажаа во 2019 година затоа што не собраа пари за продукција.
Глумицата тврди дека немало да прифати да работи на филмот ако знае дека буџетот за филмот ќе се намали. Смета дека нискиот буџет може да ѝ ја уништи кариерата и да ја претвори во глумица од втора класа. За потсетување, Ева во 2007 година ја освои БАФТА наградата за ѕвезда во подем.