Денеска се слави Огнена Марија: oбичаи и верувања поврзани со празникoт

Денеска се слави Огнена Марија: oбичаи и верувања поврзани со празникoт

пред 3 месеци

Православните верници денеска го слават празникот Света великомаченичка Марина, кај народот позната како Огнена Марија.

Света Марина е родена кон крајот на третиот век, за време на владеењето на царот Диоклецијан во Јужна Анадолија, во Антиохија.

Таа била крстена на 12 години, поради што татко и се одрекол од неа. Според традицијата, откако го примила христијанството преку крштевање, Светата маченичка Марина се заколнала дека никогаш нема да се омажи, но и дека со душа ќе страда за Исус Христос.

На 16-годишна возраст, поради нејзиното отфрлање на понудениот брак и верата во Господ Исус Христос, била изложена на најлошите маки, а потоа погубена со меч за време на царот Диоклецијан.

Моштите на оваа жена станаа чудотворни и исцелителни. Тие се наоѓале во Константинопол до доаѓањето на крстоносците, а денес нејзината рака се наоѓа во манастирот Ватопедо во Свтеа Гора.

Нејзините мошти се почитуваат и денес. Се верува дека Огнената Марија секогаш одговара на молитвите и ги лекува болните, без разлика на религијата.

Светицата најчесто е претставена со крст, змеј под нозете и често со запалени куќи во нејзината позадина.

Во фолклорот се зачувани примери на оган што изгорел жито, сено и домови на луѓе кои згрешиле работејќи на празникот Огнена Марија во жешките празнични денови.

Неа ја слават сите што претрпеле штети од гром и невреме. Народната поговорка вели – кој ја слави Огнената Марија, сигурен е во жетвата.

Обичај е на овој празник, кога „горат небото и земјата“ поради големите горештини да не се работи, особено на полињата.

Никој не работи, особено жените, бидејќи се верува дека ниту една работа не може да донесе среќа денес.

Народот вели дека „ниту конец на игла не треба да се стави“ на Огњена Марија.

Share
Scroll to Top