Децата на Хари и Меган продаваат овошје на пазар

Децата на Хари и Меган продаваат овошје на пазар

пред 6 часа

Меган Маркл откри дека нејзините деца, Арчи и Лилибет, продаваат домашно овошје и зеленчук од градината на нивната луксузна вила во Монтесито на локалниот пазар.

„Сакам да ја разберат вредноста на парите и работата“, рекла војвотката од Сасекс.

На подкастот со Ема Гред, Меган истакна дека градинарството е одличен начин децата да научат трпеливост и да развијат ценење за храната.

„Децата имаат привилегија да растат во богата средина, но за мене е важно да разберат дека сè има своја цена и вредност, вклучително и грижата за животната средина“, рече таа.

Таа неодамна објави фотографија од свежо набрано овошје и зеленчук од нејзината градина на „Тик ток“, но беше исмејувана од некои следбеници, кои коментираа дека производот е „премногу чист“ и нема ни трошка земја.

Во истиот подкаст, таа зборуваше и за родителството, како и за балансот помеѓу работата и семејниот живот. Таа откри дека сама ги подготвува оброците за децата, понекогаш вклучувајќи и цвеќиња за јадење од нејзиниот бренд.

„Кога децата си легнуваат околу седум навечер, јас ставам чаша вино и им подготвувам ручек за следниот ден. Звучи необично, но за мене е како терапија”, признала таа.

Во разговорот таа се присети и како како мало девојче продавала ластичиња за коса за по еден долар, што го смета за свој прв чекор во претприемништвото. Денес, вели таа, нејзините деца добиваат чувство за вредности на сличен начин – продавајќи зеленчук на пазар.

Таа додаде дека е поласкана од споредбите со Марта Стјуарт и Гвинет Палтроу и дека го користи својот медиумски простор за да ја покаже автентичната, радосна и реална страна на нејзиниот живот.

Share
Scroll to Top