Диетата на Кејт Хадсон со која ќе заборавите на глад, а ќе ослабете 12 килограми

Диетата на Кејт Хадсон со која ќе заборавите на глад, а ќе ослабете 12 килограми

пред 2 години

Актерката Кејт Хадсон со посебен начин на исхрана успа да ослабе 12 килограми без гладување и повторно да се врати во форма по втората бременост.

Нејзиниот план бил да ослабе, едноставно, без гладување и ригорозна диета. Кејт Хадсон го усовршила својот пристап кон нејзините цели во исхраната и фитнесот, фокусирајќи се на тоа да ги направи работите едноставни и остварливи, имајќи го на ум нејзиниот бурен начин на живот.

Првата работа што ја направила ги поменила навиките во исхраната. Нејзиното дневно мени вклучувало 5 оброци, контролирани големини на порции и секогаш кога е во можност месото да го исфрли од исхрана. 

Храната која е најчесто присутна во нејзината исхрана се тофу, салати, протеински шејкови и многу риба. Една од навиките што ги практикува е повременото постење.

Нејзиниот пат до посакуваната тежина подразбира едноставност, дисциплина, но и рамнотежа. Сепак, не ги ограничила задоволствата, тоа го решила кога сакала да се почести со пица, тако и маргарити. Покрај начинот на исхрана, актерката се посветила и на вежбањето, конкретно на пилатесот. 

Овој пат таа реши да ги интензивира тренинзите и повеќе да вежба дома, во дневната соба, но и на крајот да вози велосипед секогаш кога ќе и има прилика.

Share
Scroll to Top