Пејачката Милица Тодоровиќ отворено проговори за проблемите со вишокот килограми кои успеала да ги регулира со вежбање и правилна исхрана.
Со совети на стручни лица, Тодоровиќ успеа да ослаби околу 15 килограми. Првенствено редовно тренирала, а дополнително ја намалила количината на храна и го зголемила бројот на оброци на дневна основа.
„Стомакот ми е рамен само наутро, а навечер ми се дува како и на повеќето жени“, изјави еднаш Милица Тодоровиќ.
Со посебен режим и здрав начин на живот таа успеа да ослабе без да гладува, а ова е нејзиното мени:
Појадок: Овесна каша прелиена со вода и овошје
Ручек: Месо и салата
Вечера: печено пилешко, зелена салата, чери домати
Совет: Пијте многу вода и зелен чај
„Што се однесува до исхраната, веќе неколку години сум кај нутриционист. Малку ќе олабам и се опуштам, но брзо се враќам на вистинскиот пат“, открила Милица, која во еден момент имала над 70 килограми.