Диетата на Опра Винфри со која ослабе 20 килограми

Диетата на Опра Винфри со која ослабе 20 килограми

пред 2 години

Познатата американска водителка Опра Винфри (68) во текот на својата долга кариера беше под будното око на јавноста и често истакнуваше дека секогаш имала проблеми со вишокот килограми.

Иако пробала разни диети и успеала да ослабе, килограмите често се враќале. Неколку години решила да стави крај на „јо-јо ситуациите со килограми“ и решила да биде емотивно, физички, психички здрава.

Таа целосно го промени начинот на исхрана.

Појадок – Сендвич со јајце, авокадо, шунка и домат на леб од цели зрна и чај.

Ручек – супа од домати и салата од кељ или тестенини со ракчиња. Секогаш јаде зеленчук со супа, а често избира кељ. Сварените тестенини ги подготвува со малку маслиново масло, сол, бибер, рендан кромид и 3 лажици рендано сирење. На крајот во тестенините додава ракчиња на скара, а по желба јадењето може да се прелие со домати и рукола.

Вечера – риба со додаток на зеленчук. Како што наведува водителката, често пие вино или коктел.

На својот Инстаграм профил, водителката сподели видео на кое таа и нејзината пријателка Гејл Кинг пешачат, но фановите забележаа дека таа ослабела и е во добра форма иако неодамна имаше интервенција на коленото.

Share
Scroll to Top