Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата во август 2,6 отсто, економијата продолжува да се стабилизира

Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата во август 2,6 отсто, економијата продолжува да се стабилизира

пред 3 часа

Инфлацијата во август изнесува 2,6 отсто на годишно ниво, што според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е уште една потврда за стабилизирањето на економските текови и задржувањето на позитивните трендови во македонската економија.

Во објава на социјалните мрежи, Димитриеска-Кочоска посочува дека по повисоките стапки во пролетните месеци, инфлацијата во последниот период бележи значително забавување.

Во април таа изнесувала 5,7 отсто, во мај 4,8 отсто, во јуни 3,4 отсто, во јули 2,3 отсто, а во август 2,6 отсто.

Според неа, особено значајно е стабилизирањето на цените на храната, кое придонесува за намалување на вкупните ценовни притисоци.

„Инфлацијата на храната е пониска од вкупната стапка на инфлација“, наведува Димитриеска-Кочоска.

Таа додава дека ваквите движења, заедно со економскиот раст од 4,3 отсто во вториот квартал, покажуваат дека македонската економија се движи во позитивна насока.

Димитриеска-Кочоска најавува дека Владата ќе продолжи внимателно да ги следи економските движења и да креира политики насочени кон заштита на животниот стандард, одржување на економската стабилност и создавање услови за понатамошен раст.

Share
Scroll to Top