По Ана Бекута и Кеба, Хрватска го забрани и Жељко Самараџиќ. Одбиено било барањето за концерт на српската ѕвезда во Сплит, од страна на директорот на Јавната установа за стопанисување со парк-шумата Марјан и другите заштитени природни вредности на подрачјето на градот Сплит, вклучително и Суштипан.
Барањето било тој да одржи концерт на 19 август. Одлуката дека концертот на Самарџиќ нема да се одржи ја донел Марко Пејновиќ, директор на паркот шума Марјан.
„Одлуката е моја, ја донесов и го имам тоа право. Музиката на Жељко Самарџиќ не му одговара на Суштипан“, изјавил директорот за „Слободна Далмација“.
Организаторот од компанијата „Она моја д.о.о“ рекол дека пејачот полни големи сали низ регионот.
„Нас нè интересира кој е тој што оценува што е соодветно, а што не. Директор на парк-шума. Жељко Самарџиќ досега настапувал во арените во сите градови во Хрватска. Ги имал наполнето без проблем. Со оглед на тоа дека 90 проценти од сите негови песни се балади и дека е многу популарен кај женската публика, не гледаме причина за таква одлука. Тоа е вовед во цензурата по редоследот по кој некој ќе определи што може, а што не може да се слуша“, изјавил Домагој Петричевиќ, директор на „Она моја д.о.о“.