Добро расположениот Кијану Ривс го привлече вниманието на минувачите на улиците на Париз

Добро расположениот Кијану Ривс го привлече вниманието на минувачите на улиците на Париз

пред 6 месеци

Кијану Ривс деновиве привлекува внимание во Париз.

Фотографите го снимија како оди со гитара на грб кон театарот La Cigale, каде што одржа концерт со бендот Dogstar.

59-годишниот Киану бил добро расположен и разговарал со некои минувачи.

Концертот го одржа на пауза од снимањето на неговиот нов филм Outcome, во кој глуми холивудска ѕвезда која е уценувана од некој со мистериозен видео клип.

Поради ова, тој мора да погледне во своето минато и да се соочи со сопствените демони.

Поради оваа улога актерот ја промени и фризурата. Откако се појавија првите фотографии од сетот, тој изненади многумина со кратка коса, додека претходно ја носеше косата до рамениците.

Share
Scroll to Top