Откако хрватскиот пејач Тони Цетински се ожени, гостуваше во емисија во телевизијата „Лаудато“. Во интервјуто тој зборуваше за бракот со Дубравка, со која неодамна се венча во црква, но и за пријателството со Тоше Проески и за религијата.
Неговиот приватен живот го одбележаа три брака. Прво беше во брак со Антонела Бутиган со која го има синот Кристијан. Со неа беше во брак пет години. Потоа се ожени со Ивана Нобило, која е ќерка на познат загрепски адвокат. Нивната разделба беше прилично јавна, со јавни препукувања и тужби. Конечно, вели на 52 години среќата ја најде со Дубравка со која недамна се ожени во Ровињ.
„Секое добро кое го имаме или го правиме може единствено да доаѓа од Бога кој е само добар. Исто така ако љубовта сакате да биде вистинска таа ќе мора да дојде од Божјата љубов“, вели Цетински.
„Имаше период на гнев и чувство на неправда кога брзав, одев со главата низ ѕид. Бев во брак со атеисти, тотално оддалечен од црквата. Си дозволив пороци. Целосно се изгубив и отидов во погрешен правец“, рекол тој.
Тони открил дека неговата баба Марија, која била голем верник, во време на комунизмот тајно го крстила во црква во два часот наутро.
„Баба ми тајно ме крсти во Новиград во времето на комунизмот. Имаше таков договор со свештеникот. Таа реши да ме крсти и јас сум ѝ денес благодарен за тоа. Беше ризично за тоа време, но не знам што ќе направев ако не ме крстела“, рекол Тони во интервјуто и додал дека баба му го научила и да се моли.
Зборувајќи за религијата, тој го споменал и пријателството со Тошe Проески, па рекол дека неговата смрт силно го погодила.
„Од Тоше многу научив, иако бев многу постар од него. Тој не беше само човечко суштество, тој беше повеќе од тоа. Бев многу лут кога загина. Но, откако го нема, сакам да бидам што е можно подобар човек“, рекол Цетински.