Со стареењето, кожата ја губи нејзината еластичност, а изложеноста на сонце доведува до појава на непријатни старечки дамки. Иако од нив не можете целосно да се ослободите, можете да ги направите побледи со домашна маска.
Измешајте 1 супена лажица квасец со 1,5 кафена лажица исцеден сок од лимон. Добиената маска нанесете на местата каде имате старински дамки, на лицето или рацете и оставете ја да дејствува половина час. По 30 минути, измијте ја смесата со млака вода и на крај нанесете навлажнувачка крема на кожата.