120 мл масло
220 мл вода
150-170 г брашно
4 јајца
За фил
3 кесички пудинг
1-2 шлаг крем
1. Најпрво сварете ги трите пудинзи во 700 мл млеко и шеќер околу 100-150 гр. Откако ке се излади додадете 1-2 изматен шлаг крем.
2. За тестото зовријте ги водата и маслото па додадете го брашното и постојано мешајте со дрвена лажица. Оставете го тестото целосно да се излади па постепено матете со миксер и додадете едно по едно јајце. Треба да добиете густа смеса. Смесата префрлете ја во шприц или кеса за замрзнување.
3. Печете ги во загреана рерна на 180-200 С околу 20-25 минути без отварање на рерната. Кога ке се подизладат наполнете ги со филот и по желба ставете им чоколадо од горе.