Домашни третмани со кафе за убава и здрава кожа

Домашни третмани со кафе за убава и здрава кожа

пред 3 години

Познато е дека кафето е богато со антиоксиданси и дека кофеинот стимулира побрза екскреција на токсини и течности од организмот поради што препаратите базирани на кофеин се особено ценети кога станува збор за негата и здравјето на кожата.

Ова се неколку едноставни начини за брзо и лесно подготвување домашни третмани со кафе, за убав и посвеж изглед на кожата, како и на косата.

За наједноставен пилинг доволно е талог од кафе и малку вода. Се промешува талогот со водата и се трие во кожата на лицето од 5 до 10 минути. По масажата, се плакне лицето со млака вода. Црна маска за коса од кафе ќе дејствува на ист начин.

Се прави благо кафе и изладено се нанесува на косата. По 20 минути под пластична капа, се плакне. Кафето ќе ги отстрани вишокот маснотии, ќе ги изедначи кутикулите и ќе ја направи косата посјајна.

Бидејќи зрелата кожа е често сува и многу чувствителна, ако се додаде маслиново или кокосово масло во кафето, е одличен пилинг за мазна и помека кожа. Масното млеко и јогурт и медот ќе дејствуваат исто добро. Потребни се до две лажички од секоја состојка за да се подготви, а смесата може да се чува во фрижидер до две недели.

Маска со кафе и какао

Потребни состојки:

– две лажички мелено кафе,
– две лажички какао во прав,
– три лажички полномасно млеко или јогурт,
– лажичка мед

Начин на подготовка:

Сите горенаведени состојки треба добро да се измешаат и да се нанесат на лицето. Откако маската ќе стои 15-ина минути, треба да се исплакне со млака вода. Додека ја нанесувате маската, нежно масирајте го лицето за подобра циркулација.

Мирислив пилинг за целото тело

Потребни состојки:

– три лажички талог од кафе,
– една лажичка масло по желба (маслиново, кокосово или бадемово масло),
– кафеав шеќер.

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите суви состојки, а потоа додадете масло и малку кафеав шеќер. Масирајте ја добиената мешавина во кожата, тоа ќе ги отстрани мртвите клетки и ќе ја подобри циркулацијата. Кожата ќе биде мазна и полесно ќе ги апсорбира хранливите материи од кремот.

Share
Scroll to Top