Пејачка Дуа Липа официјално стана почесен амбасадор на Косово. Титулата и ја врачи претседателката на Косово, Вјоса Османи.
Дуа Липа во објава на Инстаграм сподели и фотографии од кабинетот на претседателката.
„Вчера попладне нашата госпоѓа претседателка Вјоса Османи ми ја додели титулата почесен амбасадор на Косово. За мене е чест и привилегија што можам да ја претставувам мојата земја во целиот свет и да продолжам со мојата работа и заложби на глобално ниво. Сакам да оставиме белег и да направиме разлика. Младите во Косово го заслужуваат правото на визна либерализација, слобода на патување и големи соништа. Ви благодарам“, напиша Дуа во објавата.