ДУИ најавуваше „инвазија“ во Тетово - на протестот се појавија едвај стотина граѓани

ДУИ најавуваше „инвазија“ во Тетово – на протестот се појавија едвај стотина граѓани

пред 2 часа

Во Тетово во моментов се одржува протест организиран од ДУИ поради одлуката поврзана со промената на имињата на улиците во градот.

Иако од партијата беше најавуван масовен граѓански марш и голема мобилизација, според информациите од терен, на протестот присуствуваат околу 100 до 150 лица.

Од ДУИ тврдат дека одлуката за промената на имињата на улиците ги загрозува принципите на Охридскиот рамковен договор и правата на етничките заедници. Токму ова е главната причина поради која партијата ги повика граѓаните на протестен марш во Тетово.

Сепак, бројноста на присутните засега е далеку помала од очекувањата и најавите за масовен протест со илјадници граѓани.

Протестот се одвива мирно и, според досегашните информации, без инциденти.

Од местото на настанот може да се забележи присуство на демонстранти кои се приклучија на маршот, но најавената масовност засега изостанува.

Протестот продолжува, а се очекуваат и дополнителни информации за неговиот тек и пораките што ќе бидат упатени од организаторите.

Share
Scroll to Top