Душко Тошиќ изнајмил стан за љубовницата, не стивнуваат муабетите за сопругот на Карелуша

Душко Тошиќ изнајмил стан за љубовницата, не стивнуваат муабетите за сопругот на Карелуша

пред 4 години

Душко Тошиќ изнајмил стан во поширокиот центар на Белград за да може да се гледа со љубовницата Ана Јовановиќ, поранешната сопруга на музичарот Пеџа Јовановиќ., пишуваат српксите медиуми.  Во јавноста се крена прашина откако се дозна дека Душко, иако сè уште е во брак со Карлеуша, е во тајна врска со Ана. Двајцата биле забележани во белградските кафеани веќе некое време, како и за време на нивниот престој во Дубаи.

 

 

Сосетката, која живее во истата зграда тврди ги видела заедно.

„Тој фудбалер беше таму, знам дека тој е сопруг на Јелена Карлеуша. Го сретнав два-три пати во зградата. Беше во друштво на висока, згодна девојка. Не е неговата сопруга, би го знаела тоа, би ја препознала, ја познавам“ – изјавила сосетката и додаде дека безбедноста во луксузната зграда е на ниво.

 

Фудбалерот иако беше во Кина наводно и приредил роденденско изненадување на Ана. Душко нарачал стотици букети црвени рози, кои ја симболизираат љубовта, и ги испрати на нејзината адреса, а таа се пофали.  Објави и видео од розите и златните балони, додека песната на Барбара Стрејсенд „Вљубена жена“ свиреше во позадина. Ова се пишувањата на медиумите, на што, Ана пак вели: „Почитувани припадници на седмата сила, би сакала во мое лично име, и во име на другите актери во оваа измислена афера, да престанете да објавувате лажни информации, бидејќи на овој начин им нанесувате голема штета на две семејства, пред се на нашите деца. Благодарам“ напиша таа на социјалните мрежи и ги обележа Душко и неговата сопруга.

   

Share
Scroll to Top