Душко Тошиќ: Криво ми е, наместо да сум со децата за празникот дома јас сум во полиција заради Јелена

пред 3 години

Душко Тошиќ на полициското рочиште потврдил дека во семејниот дом на Дедиње имало кавга меѓу него и неговата сопруга, пејачката Јелена Карлеуша. Но тој рекол дека нејзините наводи дека имало насилство не се точни. Тошиќ на инспекторите им рекол дека е целсоно збунет затоа што  Јелена пријавила такво нешто во полиција.

„Јас не ја удрив Јелена, не ја ни допрев, единственото нешто што е точно е дека се расправавме. Во брак сме долго време, јас сум посветен сопруг и татко. Најтешко ми е што наместо денес да бидам со децата и да го поминам празникот дома, поради пријавата на сопругата сум во ситуација да седам во полициска станица. Шокиран сум од тоа што ми се случува, не можам да разберам што ми се случи – рекол Душко Тошиќ.

Share
Scroll to Top