Ева Рас: Личам на згмечена пита од компири, кога ќе се погледам во огледалото, нема ни трага од мојата убавина

Ева Рас: Личам на згмечена пита од компири, кога ќе се погледам во огледалото, нема ни трага од мојата убавина

пред 3 години

Српската глумица Ева Рас, која и на 80 години продолжува да глуми, во едно скорешно интервју рече дека не ѝ пречи староста ни тоа што сега ја викаат да глуми баби, но дека лажат сите што велат дека брчките се убави.

„Нема убави брчки. Во моите брчки не се ниту моите љубови, ниту нивната смрт, во моите брчки се предупредувања дека и јас ќе умрам колку и да живеам, дека сум на крајот од патот. Не сакам ниту една брчка, но нема помада што може да ги избрише. Лажат во литературата, женските списанија, во емисиите во живо кажуваат глупости дека староста е убава. Не, мозокот уште не ми е пијан и се сеќавам на мојата убавина, а кога ќе се погледнам во огледало нема ни трага од неа“, рече таа.

„Никогаш не планирав да имам 81 година и никогаш не сакав да изгледам како згужвана пита од компири. Но јас личам на тоа. И морам да живеам со сите брчки, но нема да лажам дека ми се допаѓа и дека сум воодушевена. Никој не може да го промени тоа. Живеам и покрај моите години и сè уште сакам да сум жива и да ги гледам чудата кои Бог ги создал“, рече Рас.

 

Share
Scroll to Top