Патрис Евра има легендарен Инстаграм профил, на кој реалноста се граничи со нереалноста, па така што не чуди последниот пост на кој со овци на брод се шегува дека му помогнал на Кристијано Роналдо.
Откако британскиот таблоид „Сан“ откри дека Роналдо ја сменил куќата во која се пресели по трансферот во Манчестер јунајтед поради тоа што овците во близина му пречеле па не можел да спие на раат, Евра сподели видео на кое тој си најде некои овци.
„Тука сум брату Роналдо. Конечно ќе можеш да заспиеш“, напиша Евра.
Овците не се случајно на брод – тоа е снимка од неодамнешното снимање на ТВ шоу на „Скај“, „Сопствена лига“, каде што покрај Евра ќе бидат и поранешниот фудбалер Џејми Реднап, крикет легендата Фреди Флинтоф и комичарот Ромеш Ранганатан.