Екстравагантната мода на БРИТ наградите: Сем Смит во латекс, Џеси Џеј со гол труднички стомак

Екстравагантната мода на БРИТ наградите: Сем Смит во латекс, Џеси Џеј со гол труднички стомак

пред 2 години





Вчера во Лондон се одржа 43. издание на музичките награди БРИТ. Во O2 Арената настапија некои од најпопуларните светски ѕвезди во моментов. Освен со музиката, тие го привлекоа вниманието и со стилот на црвениот тепих.

Најголемо внимание привлече Сем Смит кој беше облечен во црн костум од латекс, па фановите го споредија со балон. Хери Стајлс дојде во црн костум без кошула, украсен со голема црна ружа, а Џеси Џеј избра хеланки и топ и го покажа голиот труднички стомак. Таа не беше единствената ѕвезда на доделувањето на наградите со гол труднички стомак. За црвениот тепих фустан со гол стомак избра и пејачката Камил.

Стилистите сепак се со поделени мислења. Едни велат дека ѕвездите изгледале одлично, други дека претерале во изборот на облека и дека изгледаат смешно.





Share
Scroll to Top