Елегантна, секси и во барби стил: Каролина со пет различни креации на концертите во Скопје

Елегантна, секси и во барби стил: Каролина со пет различни креации на концертите во Скопје

пред 2 години

Каролина Гочева на концертите во Филхармонија се појави во различни креации стилизирани од модната блогерка Јована Зука и Фешн Груп.

За првата вечер Каролина одбра долг сребрен фустан со гол грб. Впечаток остави и црната класична модна комбинација, од краток црн фустан со пердуви, голи рамена и ракавици и класично палто и тесни панталони.

Стилистката Зука си поигра со стилот на Каролина и внесе малку боја во изборот на облеката.

 

Портокалов фустан со долга марама како ракави за избор за третиот концерт во Филхармонија.

За последната вечер од концертните маратони, таа се појави во розов фустан со необичен крој на ракавите, за кој фановите на социјалните мрежи коментираат дека Каролина изгледала како Барбика.

Секое појавување на поп пејачката во јавноста е стилизирано, познато е дека често носи модни комбинации на Цаци Паковска.

 

 

Share
Scroll to Top