Елиф е насмеан дури и кога ќе го оставам на клупа: тренерот на Наполи со пофалби за Елмас

Елиф е насмеан дури и кога ќе го оставам на клупа: тренерот на Наполи со пофалби за Елмас

пред 3 години

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети пред натпреварот со Лацио што се игра вечерва, на прес-конференцијата зборуваше за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Запрашан за играчите од средниот ред, тој го пофали Елмас и рече дека не е како другите фудбалери.

„Елмас е позитивна личност, секогаш е насмеан. Некогаш го изоставувавод тимот, но тој ми го смени ставот. Не е како другите, кои ако ги оставиш на клупа, лошо те гледаат. За мене тој е играч од средниот ред, плејмејкер. Можете да го ставите било каде. Ако го ставите повеќе офанзивно, ќе ја олесни работата на нападот. Но, најважно е што е позитивна и добра личност“, рече Спалети.

Натпреварот Наполи – Лацио се игра вечерва на стадионот „Диего Армандо Марадона“ од 20:45 часот.

Share
Scroll to Top