Елтон Џон поради коронавирус мораше да ги откаже концертите во Далас, во САД. Британскиот пејач претходно се вакцинираше со две дози против корона, а прими и бустер. Тој во моментов има благи симптоми, велат од неговиот тим.
„Со голема тага сакаме да ве известиме дека концертите во рамки на турнејата Farewell Yellow Brick Road во Далас кои требаа да се одржат на 25 и 26 јануари, ќе бидат откажани затоа што Елтон неодамна доби потизивен тест на корона“, рекоа од неговиот тим.
Тие објаснија дека оние кои ги купиле картите ќе можат да ги задржат и да ги искористат за концертите чии датуми дополнително ќе бидат објавени. Последната турнеја на Џон требаше да почне уште минатата година на лето, но поради ширењето на пандемијата, организаторите ги променија датумите.
И самиот пејач се јави и рече дека за реќа е вакциниран и дека симптомите му биле благи.





