Британскиот музичар Елтон Џон (74) со концертот во Њу Орлеанс што се одржа синоќа, ја продолжи светската турнеја Farewell Yellow Brick Road. Ова е негов прв настап по скоро две години, откако ја прекина турнејата поради пандемијата и операцијата на колкот.
Концертот го отвори со песната Bennie And The Jets и имаше одличен и енергичен настап што траеше повеќе од еден и пол час, пишуваат американските медиуми.
Светската музичка легенда светската турнеја ја почна на 8 септември 2018 година во Апентаун, Пенсилванија, а последниот концерт го одржа на стадионот „Вестерн Сиднеј“ во Сиднеј, на 7 март 2020 година.