Пејачката Емина Јаховиќ призна дека кога била мала, ги лажела девојчињата дека Лепа Брена ѝ е братучетка. Таа вели дека уште од дете била голем фан на фолк-ѕвездата и дека со лагата сакала да ги импресионира нејзините врснички.
„Како дете повеќе се дружев со момчиња. Прво играв фудбал со нив, па се префрлив и на кошарка. Секогаш подобро се сложував со момчињата. Девојките беа нежни кон мене, ама и знаеја да ме избегнуваат. Затоа ги лажев дека Брена ми е братучетка. Бев опседната со неа и со нејзината кариера, бев нејзин обожавател уште како дете. Во тоа време, да се биде Лепа Брена беше нешрто многу големо“, рекла Емина во интервју за „Гламур ТВ“.