Актерката Ен Хетавеј призна дека не била прв избор на продуцнтите за улогата на Енди во филмот „Ѓаволот носи Прада“. Според неа, таа била деветта на листата, но сепак ја добила улогата.
„Јас бев деветти избор за улогата во ‘Ѓаволот носи Прада’, но ја добив! Затоа, никогаш не откажувајте се. Морав да бидам трпелива“, рече актерката.
Прв избор за оваа улога била Рејчел Мекадамс, која во тоа време имаше огромна популарност поради успехот на филмовите Notebook и Mean Girls, но таа наводно ја одбила улогата. Освен неа, на аудицијата за улогата на Енди, биле и Клер Дејнс и Џулиет Луис.
Филмот, кој е снимен 2006 година, и денес предизвикува внимание. Освен Хетавеј, во него глуми и Мерил Стрип, Стенли Тучи, Емили Блант, а мала илога има и Жизел Бундхен.