Есма и јас бевме циганските Ромео и Јулија па згасна ѝ нашата љубов, открива Мухарем Сербезовски

Есма и јас бевме циганските Ромео и Јулија па згасна ѝ нашата љубов, открива Мухарем Сербезовски

пред 3 години

Пејачот Мухарем Сербезовски раскажа дека повеќе од пет децении бил лудо заљубен во покојната Есма Реџепова. Малку кои знаеле дека уште како тинејџер, тој бил во врска со Есма.

„Тоа беше многу одамна, кога имав 12 години. Настапував во разни културно-уметинчки друштва во Македонија и во една прилика ја сретнав тогаш младата, но, расна девојка која ја винкаа за да ја препее песната која јас ја пеев на ромски јазик, а другите не ја разбираа. Тоа беше Есма. Веднаш се заљубив во неа, а и таа во мене. Подоцна призна за некои медиуми кога ја прашувале за мене. Нашата љубов згасна кога станав неподнослив, веројатно затоа што станав познат и популарен пејач. Есма и јас бевме циганските Ромео и Јулија“, рече Мухарем.

Тој им помогнал на многу колеги кои сега имаат успешна музичка кариера. Една од нив е и покојната пејачка Уснија Реџепова.

„Режисерите не можеа да најдат девојка која би ја играле Коштана, а јас тогаш ја донесов Уснија и таа стана најпознатата Коштана. Таа беше циганска примадона, немаше некои квалитети како пејач, но, пленеше на друг начин. Беше многу интелегентна“, рече пејачот.

 

 

Share
Scroll to Top