Ејдан се враќа во продолжението на „Сексот и градот“

Ејдан се враќа во продолжението на „Сексот и градот“

пред 2 години

Актерот Џон Корбет откри дека ќе глуми во продолжението на „Сексот и градот“ и ќе ја репризира својата улога на Ејдан Шо. Неофицијално, тој че глуми во неколку епизоди и повторно ќе се соедини со поранешната љубов Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер).

dobivaj vesti na viber

Ејдан беше еден од двата омилени ликови на фановите на серијата што не се појавија во првата сезона на „И едноставно така“, заедно со Саманта која ја глумеше Ким Катрал.

По финалето на серијата, извршниот продуцент Мајкл Патрик Кинг за „Дедлајн“ објасни зошто Ејдан не се појави во ниедна епизода. Првата сезона се занимаваше со последиците од смртта на Ѕверката, сопругот на Кери и според Кинг, појавувањето на Ејдан би било премногу.

„Оваа сезона сакавме да ја пребродиме смртта на Ѕверката и Кери да излезе на светлина. Враќањето на Ејдан е голема приказна“, рекол тој.

 

Корбет го толкуваше дечкото на Кери во 3. и 4. сезона на „Сексот и градот“. Тие раскинаа двапати, првиот пат откако таа призна дека го изневерува со Ѕверката, а вториот пат кога не можеше да се натера да се омажи за Ејдан, иако беа свршени. Кери и Ејдан се сретнаа во 6. сезона кога се судрија на улица, а Ејдан тогаш откри дека е оженет и има син. Ејдан се појави и во филмот „Сексот и градот 2“ на пазар во Абу Даби. Во тоа сценарио Ејдан е веќе татко на три деца, а и двајцата беа во брак.

Share
Scroll to Top