Антарктикот непрекинато се топи, измерени рекордни 18 степени

Забележана рекордно висока температура на Антарктикот

пред 3 месеци

Руски научници забележаа нов температурен рекорд на станицата Восток во централниот дел на Антарктикот, откако температурата во вторникот се искачи на -34,2 степени, соопшти  прес-службата на Институтот за истражување на Арктикот и Антарктикот.

Во извештајот се истакнува дека ова е максималната температурна вредност за зимскиот период во историјата на набљудувањето, пренесува РИА Новости.

„Научниците од Институтот за истражување на Арктикот и Антарктикот ја забележаа максималната зимска температура во целата историја на редовни набљудувања на најстудената точка на Земјата, на станицата Восток во централниот дел на Антарктикот. На 6 август 2024 година, термометарот покажа минус 34,2 степени Целзиусови“, се наведува во извештајот.

Денеска температурата на станицата Восток се спушти на минус 48,8 степени, се додава во соопштението.

Share
Scroll to Top