Синот на Ѓорѓе Балашевиќ, Алекса, доби повик од Африка, односно Лусака, главниот град на Замбија, да присуствува заедно со својата сопруга и најблиските соработници на церемонијата посветена во чест на покојниот кантавтор, пишуваат српските медиуми.
Алекс таму чека прием кај премиерот, министерот и градоначалникот. Младиот уметник и продуцент на филмот „Мегдан“ кратко се огласи со снимка од авионот на Инстаграм, патот до истокот на Африка.
„Што да кажам, јас денес знам никој кој ти е сличен. Многумина со денови ме прашуваа каде одам и од кои лидери сум добил повик и така натака, од бистрооките! Знаевме дека ги има во Југославија, неколкумина во Полска, Бугарија, но ете. и во Замбија. Една голема, далечна држава лично ме повика по повод церемонија, соработка и знак на благодарност во чест на тато. Во прашање е највисок протокол, не смеам уште да кажам сѐ додека не добијам одобрување, па, се надевам, утре ќе ви објаснам и ќе ви кажам каде сѐ неговите зборови се запомнети и вечни“, напиша Алекса.
Почест на поранешниот амбасадор на Обединетите Нации и кантавтор, Ѓорѓе Балашевиќ, досега му оддадоа Скопје, Љубљана, Нови Сад, Подгорица, како и поедини бугарски и полски градови.
Балашевиќ во средината на осумдесеттите години доби повик како уметник од СФРЈ да ја посети Јужна Африка. Во тоа земја никогаш не замина бидејќи на приемот кај што требало да се појави биле повикани само белци.
Панонскиот морнар бил прв и единствен амбасадор на добра волја на UNHCR од овие простори. Тој оваа титула ја доби затоа што во 1998 година на својот прв концерт во Сараево, целиот свој приход од 150.000 германски марки го донираше за помош на децата жртви на војната во БиХ.
Градоначалникот на Нови Сад, Милорад Вучевиќ не е изненаден од повикот од далечната земја.
„Мислам дека за Алекса тоа е сјаен потег и дека со тоа не само што ќе се потврди, уште еднаш, колку е длабока трагата ширум планетата која ја остави покојниот Ѓорѓе Балашевиќ, туку и ќе ги зацврсти нашите односи со Замбија. Тоа е секако своевидна промоција на Нови Сад и Србија. Го чекаме со доби вести од Замбија“, вели Вучевиќ за српските медиуми.