Шестата сезона на серијата „Круна“ на Нетфликс, ќе се занимава и со почетокот на врската меѓу принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
Според Си-ен-ен, Ед Меквеј и Мег Белами ќе ги играат Вилијам и Кејт.
Шестата сезона од серијата ќе ја прикаже првата средба на двајцата во училиштето Сент Ендрус во Шкотска во 2001 година.
По смртта на принцезата Дијана, Вилијам ги продолжил студиите на колеџот Итон.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон започнаа врска во 2003 година.
Петтата сезона на „Круна“ заврши со развод на принцот, сега крал Чарлс и Лејди Ди. Во продолжението се очекува заплетот да биде сместен кон крајот на деведесеттите и двеилјадитите години.
По смртта на кралицата Елизабета Втора, Нетфликс одлучи да го паузира снимањето на шестата сезона во знак на почит